Ослободена со кауција иранска позната глумица

Таране Алидости, 38-годишната ѕвезда на оскаровецот „Продавач“ го симна хиџабот. Тоа е превез што жените традиционално го носат во присуство на возрасни мажи надвор од нивното потесно семејство, а служи за покривање на главата, косата и вратот.

Иранскиот суд ослободил од притвор истакната актерка по речиси три недели откако беше затворена. Таа беше приведена затоа што изразила солидарност со маж кој беше погубен поради немири поврзани со антивладините протести. Станува збор за Таране Алидости, 38-годишната ѕвезда на оскаровецот „Продавач“ на Асгар Фархади. Таа беше пуштена на слобода со кауција. Информацијата за нејзиното ослободување ја објави нејзината мајка на социјанта мрежа Инстаграм.

Видете и ова: Иран укина смртна казна на тројца демонстранти, на други двајца им ја потврди


Алидости им се придружи на неколку ирански познати личности во изразувањето поддршка за протестите и критикувањето на насилното задушување на неистомислениците од страна на властите.

Немирите ширум земјата избија во средината на септември по смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор. Таа беше уапсена од полицијата за морал, која ги спроведува законите за кодекс на облекување во Иран.

Двајца демонстранти беа обесени во Иран на почетокот на овој месец. Амнести интернешенел соопшти дека иранските власти бараат смртна казна за најмалку 21 лице во „лажни судења дизајнирани да ги заплашат оние што учествуваат во народниот бунт што го потресе Иран“.