Почина Руслан Хасбулатов, водачот на бунтот против Елцин во 1993 година

Руслан Хасбулатов

Руслан Хасбулатов, кој го предводеше бунтот против првиот руски постсоветски претседател Борис Елцин, почина на 81-годишна возраст, објави руската државна телевизија. Чеченец по националност, Хасбулатов беше избран за претседател на Парламентот на Руската Федерација непосредно пред распадот на Советскиот Сојуз. Тој првично му беше верен сојузник на рускиот претседател Елцин и стоеше зад него за време на неуспешниот пуч во август 1991 година од страна на тврдокорните редови во советското раководство.

Сочувство и критики за починатиот последен советски лидер Горбачов

По распадот на Советскиот Сојуз во декември 1991 година, односите на Елцин и Хасбулатов се влошија додека се расправаа околу економската политика и други прашања. Во септември 1993 година, Хасбулатов се здружи со потпретседателот Александар Руцкој и го предизвика раководството на Елцин кој возврати со распуштање на парламентот, а Хасбулатов свикал седница на која Елцин бил прогласен за сменет. Кризата кулминираше со 3-4. во октомври 1993 година, кога приврзаниците на Хсбулатов се судрија со полицијата на улиците на Москва и се обидоа да упаднат во зградата на државната телевизија, впуштајќи се во жестока размена на оган со војниците што ја штитеа.

Како започна: Русија и раѓањето на СССР

Тогаш Елцин нареди тенкови да пукаат врз парламентот, а стотици пратеници и нивните поддржувачи беа уапсени. Хасбулатов, исто така, беше уапсен и обвинет, но беше ослободен со амнестија во февруари 1994 година.