КФОР: отстранување на возилата оставени на патиштата по блокадите на северот на Косово

Мисијата КФОР денеска соопшти дека на северот на Косово во тек е отстранување на неколку возила кои останаа на патиштата по декемвриските блокади. „Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции во северно од Косово со цел да се отстранат некои возила блокирани на патот и да се врати слободата на движење во согласност со мандатот на ОН“, се вели во соопштението.

Курти бара поголемо присуство на НАТО во Косово

Барикадите што ги подигнаа локалните Срби во знак на протест против апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ беа отстранети на 29 декември. Пантиќ беше уапсен како осомничен за организирање напад врз службеници на општинските изборни комисии на север и врз косовската полиција. На 29 декември Основниот суд во Приштина му го замени притворот на Пантиќ со домашен притвор, по што започна отстранувањето на барикадите.