Времето денеска во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но по одделни котлини и вдолж Повардарието има најава за магла или ниска облачност, кои попладне делумно ќе се намалат, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи -УХМР.
За денеска е најавена минималната температура од -4 до 3, а максимална од 9 до 17 степени.
Во Скопје во поголем дел од денот ќе има магла, која попладне краткотрајно и делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.
Инаку од УХМР најавуваат период на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури и магла по котлините.
Во вторник попладне има најави за умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе продолжи и во среда, поради што преодно ќе се намалат условите за магла.