Апелација му ја намали за една година казната на поранешниот битолски градоначалник Талески

По речиси три години разгледување на жалбите за случајот „Транспортер“, Апелација денеска соопшти дека донела одлука. Станува збор за предметот во кој беше обвинет поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески кои според обвинението со своите соучесници направиле проневера на проневера на околу 360.000 евра преку тендер за организиран превоз на ученици во Битола.

Со одлуката на Апелација станува правосилна пресудата за осудените во случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Апелација одлучи да му ја намали на Талески за една година првичната пресуда од 8 на 7 години затворска казна. Второ обвинетиот поранешниот секретар на Општина Битола, Слободан Бончановски, доби намалување на затворската казна од 6 години на 5 години и шест месеци затвор.

Видете и ова: Судски совет ќе прати работна група на увид во Апелација

Апелација одлучи и да ја укине една од ослободителните пресуди за еден од обвинетите, додека на управителите на правните фирми кои го вршеле транспортот на ученици затворските казни им ги замени за условни.

Видете и ова: Поништени пресуди - застарена „правда“

Со денешната пресуда на Апелацискиот дел од жалбите на обвинетите во случајот „Транспортер“ се одбиени како неосновани, дел делумно се уважени, а првостепената пресуда во осудителниот дел под I од изреката, ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција.

Првостепената одлука од Основниот кривичен суд во Скопје беше донесена на 31 март 2020 година. Апелациониот суд наиде на критики во јавноста откако ги поништи двете пресуди за најголемата афера за прислушување „Трезор“ и Таргет Тврдина“. Станува збор за предмети кои ги опфаќаат процесите на масовно прислушување на над 20 илјади граѓани како и незаконски набавената опрема за прислушување и нејзиното уништување.