Мисијата на НАТО во Косово повика на дијалог за намалување на тензиите

Косово, припадници на КФОР

Мисијата на НАТО во Косово, КФОР денеска соопшти дека го поддржува дијалогот меѓу сите страни за смирување на тензиите на северот на земјата. „Огромно е сите инволвирани да избегнуваат каква било реторика или дејствија што може да предизвикаат тензии и да ја ескалира ситуацијата“, рече генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча, додавајќи дека решенија треба да се бараат преку дијалог.

Зошто повторно се разгоруваат етничките тензии во северно Косово

Во меѓувреме, косовскиот премиер Албин Курти на денешната седница на Владата изјави дека времето дадено на КФОР за отстранување на барикадите на северот на Косово полека истекува. Курти, како што пренесуваат приштинските медиуми, рекол дека „криминалците на север се обидуваат да го дестабилизираат регионот и да го нарушат територијалниот интегритет на Косово“. „Поставувањето барикади на патиштата нема да биде прифатено. КФОР побара време да реагира, но тоа време истекува. Имаме соработка и координација со КФОР. Едно е јасно, мора да се воспостави слобода на движење“, рече Курти.