Зеленски: тековната недела е „политички важна“ за националните цели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, 27.12.2022.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека наскоро ќе претстави годишна порака до Врховната Рада (украинскиот парламент) за надворешната и внатрешната ситуација на Украина, додека на Украинците во своето редовно видео обраќање им порача дека тековната недела ќе биде политички важна за земјата. Зборувајќи на 27 декември, Зеленски рече дека оваа недела ќе биде „важна за Украина од политичка гледна точка“ и дека Украинците „мора да одржат заедничко разбирање за националните цели“ со почетокот на новата година. Тие вклучуваат ослободување на украинската територија од Русија, обнова на Украина и враќањето на Украинците во нивната татковина, рече Зеленски.

Кулеба: Украина е за мировен самит до крајот на февруари

Тој рече дека вчера бил одржан состанок на кој се разговарало за акциониот план за украинската војска за следната година и ситуацијата во Кремина и Бахмут. Зеленски исто така извести за состанокот за банкарскиот систем на Украина и соработката со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и за разговорите што ги имаше со премиерот на Италија и шефот на инвестицискиот фонд БлекРок.