И денеска дојави за бомби во повеќе училишта

Изутрината во училиштата низ Македонија биле добиени нови дојави за наводно поставени бомби. На службените мејлови на гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“ испратени се закани за поставени експлозивни направи во објектите на училиштата. Училиштата веднаш заканите ги пријавиле во МВР по што биле евакуирани учениците, наставниците и останатите вработени.

Повторно дојави за бомби во 19 скопски училишта

Освен во Скопје, дојави за бомби пристигнале и во училишта во Битола. Според информации на ТВ21, дојава за бомба имали и во основното училиште „Лирија“ во Тетово. Заканите со бомби во училиштата траат веќе два месеци.