Акција на МВР и на обвинителството на граничниот премин Табановце

Граничен премин Табановце. Илустрација.

На граничниот премин „Табановце” во тек е акција на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, потврдуваат од МВР за РСЕ.

“Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце ”, велат од МВР за РСЕ.

Видете и ова: МВР: уапсени 9 лица за криумчарење мигранти

На македонско-српската граница поради акцијата се заглавени возила. Граѓаните на социјалните мрежи објавија видеа и фотографии на кои може да се види застојот на границата.

Повеќе информации од МВР велат дека ќе соопштат утре по завршување на акцијата.