Јапонските власти соопштија дека 13 лица загинале, а 80 се повредени како резултат на обилни снежни врнежи на северот на земјата. Според властите, повеќе од 10.000 домаќинства останале без струја.
Снежните бури може да предизвикаат снег со длабочина од 60 сантиметри, предупреди Метеоролошката агенција на земјата. Агенцијата за управување со пожари и катастрофи соопшти дека 30 лица се тешко повредени.
Видете и ова: Повторно откажани летови во САД поради снежната бураВозовите и авионските услуги се во прекин во северна Јапонија, а некои делови од централните и западните области исто така имале прекин на сообраќајот, објави јавниот радиодифузен сервис на земјата.