Во пожар во старечки дом во Русија загинаа 20 лица

Старечкиот дом во Кемерово каде избувнал пожарот.

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека 20 лица загинале во пожар во дом за стари лица во сибирскиот град Кемерово. Пожарот избувнал пред зори во двокатната дрвена зграда во градот кој се наоѓа на 3.000 километри источно од Москва.

Видете и ова: Три лица загинаа во пожар на гасовод во Русија

Причината не е се уште утврдена, а медиуми јавија дека зградата се греела на шпорети. Не е јасно колку луѓе живееле во приватниот објект или колку биле во зградата кога избувнал пожарот.