Американскиот Сенат усвои предлог-закон за буџетот во вредност од 1.700 милијарди долари

Американскиот Сенат

Американскиот Сенат синоќа усвои нацрт-закон за трошоците со кој ќе се обезбедаат финансирање на владините институции и агенции до септември 2023 година. Сеопфатниот пакет трошоци е вреден 1.700 милијарди долари, од кои околу 45 милијарди се наменети за воена и економска помош за Украина. По неколкудневни преговори, сенаторите го усвоија законот со двопартиска поддршка со 68 гласа за и 29 гласа против. Сега ќе има гласање во Претставничкиот дом на Конгресот и доколку биде изгласан, законот треба да го потпише претседателот на САД, Џозеф Бајден.

Бајден бара 37 милијарди долари итна помош за Украина

Предлог-законот се очекува брзо да помине во тој дом на Конгресот, бидејќи демократите имаат тесно мнозинство. Бајден треба да го потпише законот пред полноќ во петок за да избегне делумно затворање на владата. Предлог-законот од 4.155 страници вклучува околу 772,5 милијарди долари во неодбранбени дискрециони програми и 858 милијарди долари за финансирање за одбраната. Претставниците на Конгресот работеа во последните неколку недели да вклучат што е можно повеќе приоритети во големиот пакет, имајќи предвид дека мандатот на членовите на Конгресот избрани на ноемвриските избори ќе започне во јануари и дека републиканците ќе го преземат мнозинството во Претставничкиот дом.