МВР: уапсени 9 лица за криумчарење мигранти

Денеска од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе беше спроведена координирана полициска операција за сузбивање на организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела криумчарење мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи во кое се наведува дека истрага над организираната 13-члена криминална група, која делувала на територија на Северна Македонија, се спроведувала од мај 2022 година до октомври 2022 година.

Вучиќ: Приливот на илегални мигранти од Северна Македонија е зголемен за четири пати

„Извршени се претреси кај 11 лица, во вкупно 11 објекти лоцирани на подрачје на Скопје, а лишени од слобода се девет лица од кои еден е вработен како полициски службеник, по две лица се трага, додека две лица-членови на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор во КПУ Скопје и КПУ Идризово, за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“. Станува збор за организирана криминална група, со строга хиерархиска поставеност, која имала за цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, предводена од лицето А.Б. (29) од Скопје, посочува МВР.