Косовска полиција: Експлозијата на шок бомба во Митровица е дело на криминални структури

КФОР подигна жичана ограда кај преминот Јариње на Косово

Косовската полиција синоќа соопшти дека според првичните информации, експлозијата на шок бомба во северниот дел на Косовска Митровица била активирана од „организирани криминални структури“. Во соопштението оценуваат дека овој потег е продолжување на напорите за подигање на тензиите и дестабилизација на ситуацијата, со цел ширење на чувството на несигурност и страв. Косовската полиција соопшти дека вчера во северниот дел на Косовска Митровица, во близина на раскрсницата кај техничкото училиште, била пријавена експлозија на шок-бомба, при што биле скршени стакла и стакла на четири околни дуќани.

Брнабиќ: ситуацијата на Косово на работ на конфликт

„Косовската полиција со своите единици, вклучително и единицата за антитероризам, презема интензивни дејствија во истрагата на овој случај со цел да се идентификуваат и изведат пред лицето на правдата сторителите на овие злосторства“, се наведува во соопштението, во кое од граѓаните и медиумите е побарано секоја чувствителна информација да ја потврдат преку властите – односно канцеларијата за медиуми на косовската полиција со цел да обезбеди точни и непристрасни информации во реално време.

КФОР: Поради присуството на вооружени групи, зголемено нашето присуство на северот на Косово

Во меѓувреме. претседателката на Косово, Вјоса Османи разговарала со командантот на КФОР, генерал-мајор Андел Микел Ристучи за безбедносната состојба и последните случувања на Косово. Косовскиот премиер Албин Курти претходно денеска изјави дека институциите на Косово се во секојдневен контакт со меѓународните претставници и КФОР за ситуацијата на северот на Косово. Тој тврди дека КФОР побарал уште малку време за да донесе одлука за мерките што треба да се преземат за отстранување на барикадите на северот на Косово. Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ пак изјави дека барикадите на северот на Косово значат слобода за Србите и претставуваат „нивниот мирен отпор кон беззаконието на Албин Курти“.

Курти- нема уште долго да се толерираат блокадите на северот на Косово

Коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер дека „барикадите на северот на Косово нема да останат долго“, Петковиќ вели дека Курти треба да ја исполни обврската на Приштина и да се формира Заедницата на српските општини“.