Приведени над 200 лица во немири во Франција по поразот на Светското во Катар

Во неколку француски градови избувнаа нереди по поразот на француската репрезентација од Аргентина во финалето на Светското првенство.
Вкупно 227 лица беа уапсени, јавуваат новинските агенции повикувајќи се на полициски извори.

Во неделата беа распоредени дополнителни 14.000 полицајци. Само во Париз, 47 лица беа уапсени откако полицијата употреби солзавец на главниот плоштад по избувнувањето на нередите. Луѓе беа уапсени и во Бордо, Лион и Ница за палење канти за ѓубре или фрлање предмети кон полицајците.

Видете и ова: Аргентина е шампион на мундијалот во Катар

Аргентина е шампион на Светското првенство во Катар, откако на пенали ја совлада Франција во драматичен натпревар кој во регуларниот дел заврши со резултат 2 - 2, а по продолженијата резултатот беше 3 - 3. Ова е трета шампионска титула на Аргентина на светските првенства.