Екипажот на вселенската станица ја проверува руската капсула по можното оштетување од метеорит

Космонаутите на Роскосмос Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин спроведуваат вселенска прошетка надвор од ISS

Руската вселенска агенција соопшти дека членовите на екипажот на Меѓународната вселенска станица ја проверуваат руската капсула која можеби претрпела штета од удар на метеорит. Драматичните видео снимки покажаа, како што велат инженерите, како амонијак истекува во вселената во близина на орбиталната станица. Руската вселенска агенција, Роскосмос соопшти дека седумчлениот екипаж на станицата, во кој има Руси и Американци, користела камера на роботска рака од Канада, за да ја испита капсулата Сојуз МС-22. И руската агенција и нејзиниот колега од САД, НАСА, изјавија дека проблемот не претставува никаква опасност за екипажот.

Во услови на војна во Украина, американски астронаут им се придружи на руски космонаути во лансирањето до Меѓународната вселенска станица

Но, истекувањето навистина ги натера властите да ја отстранат планираната вселенска прошетка на руските космонаути. Руската агенција соопшти дека една опција што се разгледува е да се забрза лансирањето на уште една капсула Сојуз. Следниот Сојуз треба да биде лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан во март, но официјалните лица би можеле да го испратат порано без екипаж. Тоа би овозможило дел од екипажот кој сега е на вселенската станица да се врати дома. Руски вселенски претставник минатата недела изјави дека микрометеорит можел да го предизвика истекувањето. И покрај тензиите околу руската инвазија на Украина, Москва и Вашингтон продолжија со партнерство во истражувањето на вселената и одржувањето на застарената вселенска станица што орбитира.