Инциденти на собирот на ултрадесничари од Србија на преминот Јариње

Приврзаниците на десницата од Србија протестираат во близина на косовско-српската граница

Група ултрадесничари од Србија денеска се собраа околу 13 часот на граничниот премин Јариње.

Српската полиција запре неколку десетици собрани пред граничниот премин.

По еден час стоење, групата се обиде да го пробие полицискиот кордон и да се приближи до самата гранична точка. Меѓутоа, припадниците на српската полиција ги спречија со штитови. Во тие моменти дојде до буткање меѓу полицијата и демонстрантите.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Судир меѓу ултрадесничарите и полицијата на српската страна на преминот Јариње

Митингот доаѓа на покана на ултрадесничарската неформална група „Народна патрола“ предводена од Дамјан Кнежевиќ.

Насобраните пред полицискиот кордон пеат националистички песни за Косово и Србија и извикуваат слогани, меѓу кои и „Косово е срцето на Србија“.

Од другата страна на граничниот премин, во Косово, присутни се припадници на КФОР.

Од другата страна на граничниот премин, во Косово, присутен е КФОР

На повикот се одзваа и други ултрадесничарски организации и партии. Присуство најави движењето Двери, а на средбата присуствува и Немања Шаровиќ од Српската радикална партија.

Собирот на ултрадесничари од Србија беше организиран под слоганот „Збор на Јариње“.

Со слоганот „Никогаш граница, Космет е Србија“, „Народната патрола“ преку социјалните мрежи ги покани на митингот, како што истакнаа, „српските патриоти“ од Црна Гора и ентитетот на БиХ, Република Српска.

Собирот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Србија и Косово, кои кулминираа на 10 декември 2022 година, откако Србите низ Косово ги блокираа патиштата.

Собирот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Србија и Косово, кои кулминираа на 10 декември 2022 година, откако Србите низ Косово ги блокираа патиштата.

„Народната патрола“ е позната по своите антиимигрантски акции, величење на српските воени злосторници и поддршка на руската инвазијата врз Украина.

Во изјава за Радио Слободна Европа, Предраг Петровиќ од белградскиот Центар за безбедносна политика потсетува дека „Народната патрола“ била меѓу првите што „излегла и ја поздравила руската инвазија на Украина“.

„Подоцна се појавија и оние натписи „Следната година во Призрен“, каде кирилицата „з“ е сменета во латинска голема „З“, алудирајќи на тоа дека кога ќе дојде време, кога Русија ќе се справи со Украина, да дојдат на Балканот и да им помогнат на Србите, како што велат, „да ги ослободат нивните историски српски територии“, така што ова е дел од нивната акција и секако може дополнително да ја влоши ситуацијата [на Косово]“, оценува Петровиќ.

Видете и ова: Тензиите растат - Белград бара враќање на српските војници на Косово, Приштина влез во ЕУ

Организацијата е поврзана со екстремно десничарската група „Русов“ и руската паравоена група „Вагнер“, која неодамна ја посетија во Русија.

„Тие отпатуваа таму и отворено ѝ соопштија на јавноста дека се таму и дека се сретнале со групата Вагнер. Очигледно, тие испратија порака до пошироката публика дека имаат контакти со многу сериозни луѓе“, вели Петровиќ и додава:

„Можеме само да заклучиме дека тоа е пропаганда и испраќање порака дека можеби, кога ќе дојде тоа време, има луѓе кои се подготвени да прибегнат кон насилство.

Српските претставници ги напуштија косовските институции на почетокот на ноември поради владината одлука за пререгистрација на српските регистарски таблички на косовски.