Најмалку 19 загинати во експлозија на танкер во тунел во Авганистан

Фотографија од местото на несреќата кога цистерната експлодираше во тунел во Авганистан.

Авганистански официјален претставник изјави дека најмалку 19 лица загинале кога камион со гориво експлодирал во тунел северно од главниот град Кабул.

Саид Шамим, портпарол на гувернерот на регионот Парван, изјави рече дека најмалку 35 лица се повредени во денешната експлозија и дека преживеаните се заробени под урнатините.

Абдула Авган Мал, висок здравствен функционер во Парван, рече дека меѓу загинатите има жени и деца.

Засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата, која се случила во саботата околу 20:30 часот по локално време.

Тунелот Саланг, кој се наоѓа на околу 130 километри северно од Кабул, првично бил изграден во 1960-тите и е главна транзитна врска помеѓу северните и јужните региони на Авганистан.

Саланг често е затворен со денови поради несреќи, обилни снежни врнежи и лавини во текот на зимата.