Десетици загинати во свлечиште во Малезија

Малезиските власти ја проверуваат локацијата оштетена по лизгање на земјиштето во Батанг Кали, Селангор на 16 декември 2022 година.

Во свлечиште во Малезија загинаа 24 лица, а девет се водат за исчезнати, објавија денеска локалните власти.

Меѓу загинатите има и седум деца.

Во моментот на несреќата во кампот во Батанг Кали, кој се наоѓа на околу 50 километри северно од главниот град Куала Лумпур, имало 94 лица.

Земјата падна од височина од околу 30 метри претходниот ден и зафати површина од околу 1,2 хектари.

Во спасувањето учествуваат повеќе од 400 луѓе со кучиња трагачи.

Кампот се наоѓа на фарма за производство на органска храна, недалеку од популарна туристичка дестинација.