Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека судовите ќе ги исправат сите грешки во жалбениот процес, откако опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, беше осуден на затвор и забрана за политички активности.
Ердоган рече дека Турците немаат право да ги игнорираат законските одлуки.
Во врска со пресудата против Имамоглу, кој според Ројтерс е негов потенцијален предизвикувач на изборите, Ердоган рече дека не му е грижа кој ќе биде кандидат на опозицијата на изборите следната година.
Видете и ова: Турција го доби најголемото подземно складиште за гас во ЕвропаИмамоглу беше осуден на две години и седум месеци затвор за навреда на функционери во 2019 година, кога ја критикуваше одлуката за откажување на првиот круг од општинските избори во кои ја победи владејачката партија (АК) на Ердоган, која е на власт 25 години.
Пресудата донесена во среда на 14 декември ќе треба да ја потврди и Апелацискиот суд.
Ако тоа се случи, Имамоглу, кој според анкетите е меѓу ретките опозициски лидери кои би можеле да го победат Ердоган во директен дуел, нема да може да се кандидира на претседателските и парламентарните избори следната година.
Во случај на потврдување на затворската казна од две години и седум месеци, Имамоглу нема да оди во затвор, бидејќи казната е пократка од трите години што се бараат според турските закони за некој да биде затворен, но тој ќе биде сменет од функцијата градоначалник и ќе добие забрана за вршење јавна функции.