Москва предложи безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје

Нуклеарната централа Запорожје.

Над складиштето на искористениот нуклеарен отпад во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина се поставува штит за да се заштити од гранатирање и беспилотни летала, изјави денеска руски официјален претставник, објави новинската агенција Ројтерс.

Видео снимката објавена од Владимир Рогов, службеник назначен од Русија во украинската провинција Запорожје, покажува работници како инсталираат заштита од нешто што изгледа како проѕирна фолија на жици над десетици бетонски цилиндри високи околу пет метри.

„Засега ќе штити од шрапнели и импровизирани експлозивни направи фрлени од беспилотни летала. Но подоцна ќе биде поцврсто“, рече тој.

Видете и ова: Руски ракетни напади ширум Украина, Киев предупредува за можна нова офанзива на Москва

Борбите за најголемата европска нуклеарна централа во десетмесечниот конфликт ги поттикнаа стравувањата од можна нуклеарна катастрофа како онаа што се случи во Чернобил во 1986 година.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за непромисленото гранатирање на електраната, чии шест реактори не се во функција.

Меѓународната мисија предводена од директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси го посети објектот од 31 август до 5 септември. Набљудувачите на МААЕ оттогаш се во смени во објектот.

Видете и ова: Путин: Борбите во Украина може да траат долго

Москва во ноември објави дека нуклеарната централа се уште е под руска контрола и ќе остане така, откако украински функционер сугерираше дека руските сили се подготвуваат да ја напуштат.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на комплексот, кој има шест реактори.

Двете страни предупредија на опасност од нуклеарна катастрофа, додека Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН сака да создаде заштитна зона околу централата.

Русија ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.