Сопственикот на социјалната мрежа Твитер, Илон Маск, објави дека ја укинува суспензијата и ги враќа профилите на американските новинари на социјалната мрежа.
Тој прво ги прашал корисниците на Твитер што да прави понатаму, а 59 отсто од 3,6 милиони кои учествувале во неговото истражување на таа мрежа гласале за итно укинување на забраната.
„Луѓето го кажаа своето. Ќе биде укината суспензијата на профилите што ја објавија мојата локација“, соопшти тој на Твитер.
Видете и ова: Твитер ги суспендира новинарите кои пишуваа за сопственикот Илон МаскВчера Европската унија го осуди потегот на Маск, а Обединетите нации предупредија дека суспензијата на профилите е „опасен преседан“.
„Слободата на медиумите не е играчка“, рече заменик-генералниот секретар на ОН Мелиса Флеминг.
Комесарката на Европската унија, Вера Јоурова, му се закани на Твитер со санкции според новиот Закон за европски дигитални услуги, за кој таа рече дека бара „почитување на слободата на медиумите и основните права“.
Видете и ова: ЕУ му се закани на Твитер со санкции за блокирање на профили на новинариВо четвртокот вечерта, на 15 декември, Твитер ги суспендираше профилите на десетина новинари кои пишуваат за социјалната мрежа и нејзиниот нов сопственик Илон Маск, меѓу нив и новинари кои работат за Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Си-Ен-Ен и Гласот на Америка.
Твитер не објасни зошто се отстранети одредени профили и историја на твитови.