Молдавија привремено суспендираше дозволи за емитување на шест телевизиски канали, поради емитување „неточни информации“ за земјата и руската војна во Украина.
Шесте телевизиски станици се во сопственост или поврзани со бизнисменот Илан Техор, кој е бегалец од молдавското правосудство и кој е назначен на листата за санкции од Соединетите Држави и Велика Британија.
Станиците сериозно и постојано го прекршуваа Кодексот за аудиовизуелни услуги на Молдавија при емитувањето информации поврзани со војната во Украина, објави на Фејсбук премиерката Наталија Гаврилица.
Видете и ова: Гласни критики од Западот по најавата за руски државен медиум во СрбијаТаа рече дека одлуката на Комисијата за исклучителни ситуации на земјата има за цел „да го обезбеди информативниот простор во земјата, да ги елиминира манипулациите и пропагандите, корумпираните и особено опасните елементи, особено во тешкиот период низ кој поминуваме“.
ТВ6, еден од каналите на кои им беше суспендирана лиценцата, рече дека одлуката е незаконска и „невиден напад врз слободата на изразување, уредувачката слобода, слободата на новинарите“.
Каналот, кој е во сопственост на Шор, соопшти дека аргументите изнесени од комисијата се неосновани и лажни.