Протест против поскапувањата во Брисел

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците на Брисел на протест против се повисоките трошоци за живот.

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците на Брисел на протест против се повисоките трошоци за живот.

Јавниот превоз беше запрен, а Самитот на Европската унија беше прекинат.

Полицијата соопшти дека на протести излегле 16500 луѓе во организацијата на синдикатите кои претставуваат многу работници во јавниот сектор. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови, додека инфлацијата во Европа расте.

„Зголемете ги платите и пензиите“, пишува на еден од транспарентите на протестот.

Видете и ова: Храната на берзите поевтинува, во Македонија цените растат

Цените на гасот и електричната енергија пораснаа по руската инвазија врз Украина.

Вкупната инфлација во Белгија во ноември беше 10,6 отсто.

Протестот помина мирно, но бриселскиот аеродром соопшти дека летовите морале да бидат откажани.