Во пожар во близина на францускиот град Лион загинаа 10 лица, меѓу кои 5 деца

илустрација

Десет лица, меѓу кои пет деца на возраст од 3 до 15 години, загинаа откако изутрината избувна пожар во станбена зграда во Волкс-ан-Велин, во близина на францускиот град Лион, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, кој додаде дека причината за пожарот не е позната во оваа фаза. „Постојат неколку сценарија и ќе биде отворена истрага“, рече тој, додавајќи дека бил во контакт со претседателот Емануел Макрон за инцидентот.

Четиринаесетгодишно момче загина за време на прославата по победата на Франција на Светското првенство

Околу 180 пожарникари биле на местото. Пожарот се случил во раните утрински часови во петокот во станбена зграда на седум ката.