Лидерите на 27-те земји членки на Европската унија во четвртокот одобрија минимален данок од 15 отсто на добивката на мултинационалните компании, по укинувањето на блокадата од Унгарија и Полска, објави европскиот комесар за економија Паоло Диентилони. Стапувањето на сила на оваа мерка во Европа е предвидено за 31 декември 2023 година.
Орбан: Унгарија сè уште се противи на глобалниот минимален данок
Согласноста на сите 27 членки на ЕУ беше неопходна за прифаќање на нацрт-директивата подготвена од Комисијата, со која се воведува историскиот договор за поголема даночна правда, кој во минатата година беше одобрен од речиси 140 земји под покровителство на ОЕЦД.