Корупцијата и регионот во фокус на разговорот Пендаровски - Шоле

Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска телефонски разговарал со Дерек Шоле, советникот на државниот секретар на САД, Антони Блинкен, објави претседателот на Фејсбук.

Тој објави дека со Шоле разговарале за евроинтегративните процеси на земјава, за борбата против организираниот криминал и корупција, како и за ситуацијата во регионот.

Првично беше најавено дека советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, денеска ќе пристигне во Скопје, но поради позитивен ковид-тест, тој ја одложи посетата по Нова година.

Шоле во земјава требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.

Освен Македонија, во програмата на Шоле беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија. Целта на посетите, како што информираа од Стејт департментот, е да се нагласи трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот.

Заедно со Шоле во Скопје се очекуваше да допатува и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Тој пак денеска е во посета на Белград, а ден претходно го посети Косово. , кој од вчера е во Косово.