Песков: Божиќен прекин на огнот во Украина не доаѓа предвид

портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков

Русија денеска соопшти дека не добила никакви предлози за „божиќен прекин на огнот“ во Украина, бидејќи се чини дека борбите ќе траат во текот на зимата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Русија оваа недела да започне со повлекување на своите војници до Божиќ како прв чекор кон мировен договор по речиси 10 месеци војна. Запрашан дали Москва видела предлози за „божиќен прекин на огнот“, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите: „Не, такви понуди не се примени од никого. Оваа тема не е на дневен ред“.

Експлозии го потресуваат Киев, САД размислуваат за испраќање „Патриот“ во Украина

По серијата молскавични украински контраофанзиви во кои Киев ја врати контролата над околу половина од територијата што Москва ја зазеде во првите недели од војната, ниту една страна не постигна значителни територијални придобивки во изминатиот месец. Песков вчера рече дека нема да има мир со Киев додека Зеленски не ја прифати „реалноста“ на теренот - имено, руската контрола врз четирите украински региони што ги анектираше во септември по „референдумите“ кои Киев, Западот и мнозинството држави во Обединетите нации.