16-годишно момче Ром почина денеска во болница откако било застрелано од полицијата во Солун, јави грќката државна телевизија ЕРТ. Инцидентот се случил на 5 декември по што дојде до насилни протести на ромските групи и други демонстранти низ целата земја. Полицијата соопшти дека го бркала момчето откако наполнило бензин и избегало од бензинската пумпа. За случајот е уапсен еден полицаец, а покрената е истрага за инцидентот.
Трета ноќ немири кај Атина поради полициско ранување на млад Ром
„Ја изразувам мојата длабока тага и поддршка на неговото семејство“, напиша денеска на Твитер министерот за цивилна заштита Такис Теодорикакос. Ромите се најголемото етничко малцинство во Европа, со околу 12 милиони кои живеат низ целиот континент, повеќето од нив во Централна и Источна Европа. Десетици илјади живеат во Грција, повеќето од нив во услови под прагот на сиромаштија.