ЕП ќе гласа да и биде одземена функцијата на потпретседателката Каили

Ева Каили

Лидерите на политичките групи на Европскиот парламент едногласно одлучија на Ева Каили да и биде одземена улогата на потпретседател, откако таа и другите се соочија со кривични пријави поради наводите дека добивале готовина и подароци од Катар. Претседателката на парламентот Роберта Мецола денеска изјави дека парламентот денеска ќе гласа и дека таа ќе престане да биде еден од 14-те потпретседатели на собранието. „Потпретседателката Каили, негира дека примила пари од Катар“, изјави во вторникот еден од нејзините адвокати во Грција.

Имотот на Ева Каили блокиран, Борел загрижен за случајот со наводна корупција

Каили е меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија во изминатиот викенд поради наводите дека Катар им давал пари и подароци за да влијае врз одлучувањето. „Нејзиниот став е дека таа е невина, можам да ви го кажам тоа“, изјави Михалис Димитракопулос, адвокат кој ја застапува Каили во Грција. „Таа нема никаква врска со финансирање од Катар, ништо - експлицитно и недвосмислено. Тоа е нејзиниот став“, рече Димитракопулос, додавајќи дека Каили „не преземала никаква комерцијална активност во нејзиниот живот“. Грција во понеделникот го замрзна имотот на Каили во земјата, а Европскиот парламент ја суспендираше од нејзините должности.