Имотот на Ева Каили блокиран, Борел загрижен за случајот со наводна корупција

Потпретседателката на Европскиот парламент (ЕП) Ева Каили

Грчките власти денеска и ги замрзнаа сите средства на потпретседателката на Европскиот парламент (ЕП) Ева Каили, откако таа беше обвинета за корупција, поради нејзината наводна вмешаност во корупциски скандал поврзан со Катар.

Претседателот на грчката управа за спречување перење пари, Хараламбос Вурлиотис, објасни дека мерката се однесува и на нејзините роднини и вклучува „банкарски сметки, сефови, компании и други финансиски средства“, пренесува Франс прес.

„Белгиската истрага за наводниот поткуп во ЕП е „многу загрижувачка“, изјави денеска Жозеп Борел, високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ).

Изјавата доаѓа по апсењата поврзани со наводни пари и подароци од Катар, пренесува Ројтерс.

„Секако, вестите се многу загрижувачки. Се соочуваме со некои настани, некои факти кои секако ме загрижуваат како поранешен претседател на ЕП“, изјави Борел за новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Видете и ова: Каили суспендирана во Европскиот Парламент по коруптивниот скандал

Како што пренесува Ројтерс, обвинителите претресле 16 куќи и заплениле 600.000 евра (631.800 долари) во Брисел, како дел од истрагата.

Оттогаш четири лица се обвинети, двајца се ослободени, објави обвинителството на 11 декември, без да ги именува тие лица.

Европскиот парламент викендот објави дека во светло на белгиската истрага, ги суспендира овластувањата и должностите на еден од неговите потпретседатели, грчката социјалистка Ева Каили.

Неколку месеци постоеја сомневања дека некоја земја од Персискиот залив се обидува да влијае на политичките и економските одлуки на Европскиот парламент. Извори за новинската агенција ДПА тврадат дека осомничената земја Катар, која во моментов е домаќин на фудбалскиот турнир на Светското првенство.

Претседавачот на 16-члената делегација на германската Социјалдемократска партија во Европскиот парламент, Јенс Гајер, ја повика Каили веднаш да поднесе оставка од нејзината лидерска функција.