ОН ја ослободи хуманитарната помош од сите санкции на ОН

Советот за безбедност на ОН со големо мнозинство ја одобри резолуцијата со која се ослободува хуманитарната помош од сите сегашни и идни режими на санкции на ОН, гласање што Соединетите држави го поздравија како „историски“ што ќе спаси животи и ќе ги реши долгогодишните проблеми со санкциите што ја попречуваат испораката на помош.

Правно обврзувачката резолуција веднаш беше поздравена од хуманитарните организации вклучително и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Мерси Корпус и Норвешкиот совет за бегалци чиј генерален секретар Јан Егеланд рече дека „ќе ги заштити хуманитарните активности од осакатувачките влијанија на режимите на санкции во време кога потребите на луѓето се високи до небото, па ова овој правен документ ќе направи разлика меѓу живот и смрт за некои од нив“.

Гласањето за резолуцијата подржана од Соединетите Држави и Ирска беше 14-0, а Индија беше воздржана.