Личности, награди и казни

САД / УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски е прогласен за личност на годината од страна на американското списание „Тајм“. Магазинот му го додели тоа признание на 7 декември поради неговиот отпор кон руската инвазија на неговата земја.
„Овогодишниот избор беше најјасниот досега“, напиша во средата главниот уредник на списанието, Едвард Фелсентал.

ШВАЈЦАРИЈА / КАТАР - Фудбалскиот сојуз на Србија е казнет со 20.000 швајцарски франци (20.235 евра) поради знамето што беше истакнато во нивната соблекувална пред натпреварот против Бразил на Светското првенство на 24 ноември.
Според соопштението Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА), бил прекршен членот 11 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА и членот 4 од Правилникот на Светското првенство на ФИФА.
На 26 ноември ФИФА покрена постапка против Србија по наводите дека во соблекувалната на Србија по мечот со Бразил било истакнато знаме на кое Косово е дел од Србија.

ИРАН - Иранските власти осудија на смрт пет лица за убиство на припадник на паравоените сили Басиџ за време на протестите во земјата. Судот во Иран на 6 декември соопшти дека исто така се осудени 11 други лица на затворски казни за нивната улога во смртта на Рухола Аџамијан, кој бил дел од милицијата Басиџ, волонтерски огранок под Исламската револуционерна гарда. Од 11-те осудени лица на затворски казни, тројца биле малолетни.

МАКЕДОНИЈА - Државниот завод за статистика пресмета дека инфлација во ноември изнесувала 19,4 проценти, односно за толку се зголемени трошоците на живот во споредба со истиот месец лани. Тоа значи дека ако нешто минатата година ве чинело Цените на мало за една година пораснале за 15,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

ГЕРМАНИЈА - Меѓу уапсените членови и поддржувачи на екстремно десничарска терористичка групи во Германија има и една Русинка. Германските власти денеска уапсија 25 осомничени поврзани со движењето Рајхсбургер, кое наводно имало за цел да ја собори владата.
Според германските обвинители, приведената руска државјанка е осомничена дека помагала во неуспешни обиди за воспоставување контакт меѓу потенцијалниот лидер на групата и руски функционери.
Руската амбасада во Берлин негираше каква било поврзаност со групата, додека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги нарече апсењата внатрешно прашање на Германија.

МАКЕДОНИЈА - Уставниот суд е на чекор да го укине правото на функционерите кои сами си даваат оставка или се разрешени од функциите да користат апанажа. Судот денеска поведе постапка за членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица кој им го овозможува ова право. Ова право им овозможува на функционерите откако ќе си дадат оставка или бидат разрешени да поднесат барање и да си ја земаат платата и до година дена, а не се веќе на функција.

ШПАНИЈА - Најмалку 155 луѓе се повредени во судир на два воза на периферијата на Барселона, соопштија шпанските власти. Несреќата се случила утринава пред 8 часот во регионот Каталонија во североисточна Шпанија. Локалните медиуми јавија дека возовите оделе во ист правец и се судриле додека едниот бил паркиран на станица. Каталонската полиција истражува како дошло до инцидентот. Службата за итни случаи на Твитер објави дека несреќата се случила на станицата Монткада и Рексак – Манреса на околу 12 километри од центарот на Барселона.

МАКЕДОНИЈА - Директорот на приватниот превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, се повлекува од протестот на приватните автобуси кои до неодамна беа дел од јавниот превоз во главниот град. Тој вели дека се повлекува оти неговото име премногу се злоупотребува, но останува да биде директор на „Слобода превоз“.
Блокадите на Скопје продолжуваат и покрај неговото повлекување.

БЕЛГИЈА - Русија се обидува да ги замрзне борбите во Украина во текот на зимата за да ги зголеми своите сили за нова офанзива на пролет, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Она што сега го гледаме е дека Русија се обидува да наметне некаков вид замрзнување на војната, макар и само за кратко време, со цел да се прегрупира, закрепне и потоа да се обиде да започне поголема офанзива следната пролет“, рече Столтенберг, наведувајќи дека членките на НАТО продолжуваат да ја снабдуваат Украина со оружје и покрај загриженоста за можното исцрпување на залихите на Западот.

КОСОВО - Шефот на ЕУЛЕКС Ларс-Гунар Вигемарк изрази загриженост за вчерашните инциденти на северот на Косово и изјави дека мисијата заедно со косовската полиција и КФОР ја следи ситуацијата.

КИНА - Кинеските власти денеска објавија дека ќе ги олеснат мерките против коронавирусот, напуштајќи го строгиот пристап во контролата на вирусот по протестите на незадоволство низ целата земја. Според новите упатства на Националната здравствена комисија, лицата заразени со коронавирусот со благи симптоми ќе бидат изолирани во своите домови. Тоа е голема промена во однос на мерките што беа во сила речиси три години, кои бараа секое заразено лице да биде во карантински центар.

БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков денеска во Скопје најави дека согласно постигнатиот договор меѓу двете земји, заеднички ќе биде празнувана дејноста на Свети Климент Охридски. „За прв пат заеднички ќе ја празнуваме дејноста на Свети Климент Охридски, ќе положиме цвеќе во знак на почит пред споменикот на Свети Климент Охридски, тој е еден од најпознатите ученици на светите браќа Свети Кирил и Методиј кои ние ги почитуваме и го почитуваме нивното дело“, рече Милков на денешната прес конференција со неговиот колега Бујар Османи во рамки на бизнис-форумот „До една милијарда и понатаму“.

МАКЕДОНИЈА - „Република Северна Македонија не воведува визи за Косово“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, наведувајќи дека станува збор за грешка на Европската комисија која ќе биде поправена. „Тоа е грешка на Европската комисија, ставањето на Косово на листата на земји со коишто треба да има визен режим е пропуст којшто е увиден од страна на Европската комисија. Никогаш не е поминато низ телата на ЕК и тоа ќе биде ревидирано, рече Османи. Тој посочи дека трендот не е воведување визи туку поинаков, да се минува границата со лични карти.

САД - Семејниот бизнис на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Организацијата Трамп беше прогласен за виновен за финансиска и фискална проневера на крајот од судењето во Њујорк, објави обвинителот на Менхетен, Алвин Брег.