Весна Дамева е избрана за нова претседателка на Судскиот совет

Судски совет

Нова претседателка на Судскиот совет на местото на Павлина Црвенковска стана Весна Дамева. Таа беше избрана со 10 гласа за и еден против. Дамева доаѓа на функцијата откако Црвенковска во минатиот вторник поднесе неотповиклива оставка како претседателка на Советот. Во соопштението што го испрати до медиумите за нејзината оставка таа се пожали дека веднаш по нејзиниот избор на функцијата започнала медиумска хајка со крајна цел да даде оставка затоа што нејзиниот избор за претседател не одговарал на група од „судската бизнис-елита“.

Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет

По Црвенковска, изборот на Дамева е вториот кој се бира согласно новиот Закон за судски совет, а според кој првиот човек на Судскиот совет се избира од редовите на членовите кои се избрани од Собранието. Такви се пет од вкупно 15 члена: тројца од нив ги избира директно Собранието, а другите двајца, исто така, се избираат во парламентот, но по предлог на претседателот на државата.