Шведска, Финска и Турција постигнале напредок во членството во НАТО

министерски состанок на НАТО во Букурешт

Шведска и Финска постигнаа добар напредок кон договорот со Турција за прием на нордиските земји во НАТО, изјави денеска шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром. „Имавме многу добра билатерална вчера меѓу Шведска, Финска и Турција и по овој состанок почувствував дека има напредок. Одиме напред“, им рече Билстром на новинарите при пристигнувањето на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт.

НАТО ќе и помогне на Украина да ја обнови енергетската инфраструктура

Инаку, вчера НАТО вети дека „понатамошно ќе ја засили“ поддршката за Украина, вклучително и со обезбедување опрема за поправка на енергетската инфраструктура на земјата. Во декларацијата на министрите се осудуваат и руските „упорни и несовесни напади“ кои „лишуваат милиони Украинци од основните човечки услуги“. Русија ја напаѓа украинската инфраструктура за пренос на електрична енергија и греење од октомври во, како што велат Киев и нејзините сојузници, намерна кампања за да им наштети на цивилите.