Денеска облачно време, од утре заладување

Илустративна фотографија

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во источните делови на зелјата се очекуваат подолги сончеви периоди. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, се наведува во денешната временска најава од Управата за хидрометеоролошки работи УХМР..

Во Скопје исто така се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец.Температурата ќе се движи од 1 до 6 степени.

Од утре пак под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со опаѓање на температурата на воздухот. Ќе има повремени врнежи, кои заради заладувањето утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините и на повисоките места ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови.