Директор на училиште во Кочани незаконски рентал државен имот

Илустрација

Кривична пријава против директор на средно училиште во Кочани поднесе полицијата. Кочанската полиција се сомнева дека 34 годишниот вршител на должност директор незаконски издал под кирија деловен простор кој бил во сопственост на училиштето без да спроведе посебна постапка за закуп на недвижни ствари со електронско јавно наддавање и без да склучи Договор за закуп на деловен простор.

„Пријавениот бил должен да формира комисија за располагање со недвижни и движни ствари на училиштето, која ќе ја спроведе постапката за електронско јавно наддавање за давање под закуп на деловен простор и да склучи Договор за закуп на деловен простор со најповолен понудувач, односно учесник на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за месечната закупнина“ се вели во соопштението на МВР.

Видете и ова: Гостиварец пукал кон соселани кои се враќале од погреб, еден ранет

Во него се додава дека полицијата се сомнева дека пријавениот ја искористил својата службена положба и овластување и сам го избрал правното лице на кое му го дал деловниот простор под закуп.

„ На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на училиштето, а на правното лице му овозможил бесправно да стопанисува со бифето и да се стекне со поголема имотна корист“, се наведува во соопштението од МВР.