Владата работи на нов закон за здруженија и фондации

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, Скопје 16 септември 2022 година

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со нивинарите најави дека Владата работи на ново системнско законско решение за здруженијата и фондациите.

„Од моја страна беше најавено дека ќе ѝ предложам на Владата. Владата излезе со решение дека ќе има нов закон кој што веќе почнува да се работи и новиот закон ќе биде испратен до Венецијанската Комисија пред да биде усвоен, што значи истата цел се постигнува. Меѓутоа, тоа е пристапот на Владата. Мора да се разговара дополнително. Меѓутоа првите индикации од Владата се дека треба нов закон, бидејќи ова беше решение ад хок, решение за моментот“, рече министерот за надворешни работи.

Софија: измените на законите за здруженија и партии го попречуваат исполнувањето на Договорот за добрососедство

Сега се прави ново системско решение за законот за здруженијата, додаде Османи, одговарајќи на новинарско прашање во која фаза е најавата за испраќање на Законот за здруженијата до Венецијанската Комисија.

Со измените во Законот за здруженија се забранува основање и упис на организации чие име и програма, поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, како и ширење и поттикнување фашизам и нацизам.