Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот

ВМРО-ДПМНЕ - Христијан Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот, порача денеска партискиот лидер Христијан Мицкоски во своето обраќање пред Унијата на млади сили.

Тој кажа дека за разлика од минатото кога нивни пратеници биле убедувани да гласаат за уставни измени, во овој состав не постои човек кој ќе попушти од своите цврсти ставови и да дозволи промена на Устав.

Ахмети: Со Алијанса за Албанците сме во разговори за влез во Владата

Мицкоски смета дека потребно е формирање техничка Влада и најдоцна на пролет да се одржат предвремени парламентарни избори.

„Сега имаме пратеници коишто цврсто стојат на својот став, и тие нема да дозволат промена на Уставот. И да ја затвориме таа тема. И ајде од утре да зборуваме за темата за која јас сакам да зборувам, а тоа е час поскоро формирање техничка Влада и најдоцна до пролет да одиме на предвремени парламентарни избори“, истакна Мицкоски.

Тој ги обвини СДСМ дека се во подредена положба во Владата, а ДУИ дека се затскриваат и говорат за европски вредности со кои немаат допирна точка за да не мора да понесат одговорност за трагедиите, како онаа во модуларната болница и „Беса транс“.