Австрија се противи на влезот на Хрватска, Бугарија и Романија во шенген зоната

Илустративна фотографија

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер од конзервативната Австриска народна партија се спротивстави на проширувањето на Шенген зоната во Хрватска, Бугарија и Романија, објави германската агенција ДПА повикувајќи се на австрискиот весник Куриер, за кој беше објавено доцна вечерта на 18 ноември во хрватските медиуми.

„Не е соодветно да се гласа за проширување, кога системот на надворешни граници не функционира“, изјави Карнер за Курир.

Имено, тој вели дека Австрија се соочува со зголемен прилив на бегалци кои стигнале преку другите земји од Европската унија (ЕУ) по т.н. балканска рута. Според неговото министерство, над 90.000 од нив пристигнале на австриската граница од почетокот на годинава, а од тој број, 75.000 претходно не биле регистрирани во ниту една земја на ЕУ.

„Затоа, како министер за внатрешни работи кој е одговорен за безбедноста, се спротивставувам на проширувањето“, рече Карнер.

Хрватска ги исполни условите за влез во Шенген зоната и доби зелено светло од Европската комисија и Европскиот парламент. Чешкото претседателство подготви две предлог-одлуки, една за Хрватска и една за Бугарија и Романија.

Зошто Холанѓаните го блокираат влезот на Бугарија и Романија во Шенген?

Одлуката ја носат земјите-членки на ЕУ, кои се и членки на Шенген зоната. За одлуката е потребен консензус. Конечната одлука треба да ја донесе Советот за внатрешни работи и правда на ЕУ на состанокот на 8 и 9 декември во Брисел.

Бугарија, Хрватска и Романија се три од петте земји на ЕУ кои сè уште се надвор од шемата. Останатите се Ирска, која го одржува таканаречениот „опт-аут“ и Кипар кој засега е надвор од дискусијата.