Денеска променливо облачно време, од утре дожд

Облачно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Што најновата наука на ОН кажува за климатските промени?

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во недела и понеделник врнежи од дожд ќе има на повеќе места. Од понеделник температурите ќе бидат пониски, а на повисоките планини ќе има и повремени врнежи од снег.