Шакира нема да настапи на отворањето на Светското првенство во Катар

Архивска фотографија: Шакира настапи на церемонијата за затворање на Светското првенство во Бразил на стадионот Маракана во Рио де Женеиро на 13 јули 2014 година

Колумбиската пејачка Шакира нема да пее на церемонијата за отворање на Светското првенство во Катар в недела, објави денеска шпанската новинска агенција ЕФЕ, повикувајќи се на неименувани извори блиски до пејачката. Последните денови се шпекулираше дека Шакира ќе настапи в недела, пренесува Бета.

И понатаму не се знае кои изведувачи ќе го отворат првенството, зашто некои светски ѕвезди одлучија да не учествуваат поради општествено-политичката состојба во Катар.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СП Катар 2022 - Фудбалот повеќе од игра

Медиумите пренесоа дека ќе настапат колумбискиот пејач Малума, кој треба да ја испее официјалната песна на првенството, како и Ники Минаж и либанската пејачка Мирјам Фарес.


Песната „Вака Вака“ на Шакира беше официјална песна на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.