Поранешен чувар на британската амбасада во Германија призна дека шпионирал за Русија

Пешак шета пред британската амбасада во Берлин (архива)

Британски чувар во амбасадата на Обединетото Кралство во Германија се изјасни за виновен за прекршување на Законот за службени тајни, откако ѝ предал информации на Русија, соопштија денеска официјални лица.

58-годишниот Дејвид Балантин Смит на суд кажа дека е мотивиран да оддава информации поради интензивна омраза кон својата татковина.

Смит, кој осум години работел во берлинската амбасада осум, исто така рече дека бил огорчен поради веење на знамето со Виножито за поддршка на геј луѓето.

Тој беше екстрадиран во Велика Британија од страна на Германија по неговото апсење во август 2021 година.

Му се заканува затворска казна од минимум 14 години.