Српскиот министер за одбрана: Ситуацијата на Косово предизвикува длабока загриженост

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ се сретна со заменик-помошникот генерален секретар на НАТО Хавиер Коломин Пириза

„Ситуацијата во Косово предизвикува длабока загриженост за Република Србија“, изјави српскиот вицепремиер и министер за одбрана Милош Вучевиќ на средбата со заменик-помошникот генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Хавиер Коломина.

Според Вучевиќ, „актуелната криза е предизвикана од неимплементацијата на Бриселскиот договор од страна на Приштина, која не ја исполни својата единствена обврска, формирањето на Заедницата на српските општини“.

Имено, претставниците на Србите од северот на Косово решија да ги напуштат институциите на Косово на 5 ноември, барајќи повлекување на одлуката за пререгистрација на автомобили во РКС (Република Косово) и формирање на Заедница на српските општини.

Протест на Србите во Северна Митровица

И заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоан, на 5 ноември рече дека мисијата на НАТО во Косово, КФОР, е подготвена да интервенира во случај стабилноста да биде загрозена.

„Присуството на КФОР е од клучно значење за гарантирање на безбедноста на цело Косово“, рече Коломина, стои во соопштението за медиумите од Министерството за одбрана на Србија.

Тој подвлече дека „КФОР е подготвен да интервенира доколку е загрозена стабилноста, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации“.

САД бараат од Косово да не почнува со казни и итно да започне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство

Вучевиќ додаде дека Србија е посветена на „мирно решавање на сите прашања“.

Тој побара од КФОР „да дејствува непристрасно, во согласност со доделениот мандат“.

„Надворешно-политички приоритет на Република Србија е членството во Европската унија, а стратешка определба е воената неутралност, која не претставува пречка за соработка со НАТО, со тоа што Србија нема амбиции да стане членка на таа Алијанса“, изјави Вучевиќ.

Коломина потврди дека НАТО целосно ја почитува политиката на воена неутралност на Србија.

„Тој оцени дека Србија е високо ценет партнер и рече дека НАТО ја поддржува конструктивната улога на Србија кога станува збор за безбедноста на Западен Балкан“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Србија.