Заменик-гувернерот на украинската област Херсон поставен од Русија загина во сообраќајна несреќа

Назначениот од Русија заменик-шефот на Херсонската област Кирил Стремусов целосно го отстрани безбедносниот појас на возачот од неговиот автомобил

Заменик-гувернерот на украинската област Херсон, поставен од Русија загина во сообраќајна несреќа.

Рускиот воен известувач за Кремљ, Семјон Пегов, блогерот Борис Рожин и државната новинска агенција РИА-Новости ја цитираа руската управа на Херсонската област која соопшти дека сообраќајната несреќа на 9 ноември во која загина Кирил Стремусов се случила во близина на градот Хеническ.

Откако руските трупи ја презедоа контролата врз делови од регионот Херсон во март, Стремусов беше главен портпарол на властите инсталиран од Русија во регионот.

Тој беше првиот што ја објави одлуката на Русија за анексија на регионот, заедно со уште три украински региони, чии делови се под контрола на руските војници, преку таканаречените „референдуми“ кои се одржаа во септември.

Пред Русија да ја започне инвазијата врз Украина кон крајот на февруари, Стремусов беше украински политичар. Тој беше познат по неговиот проруски став и про-московски јавни настани што ги организираше во регионот. Со години беше активен член на проруските движења и партии во регионот.

Украинските власти велат дека Русија трпи големи загуби во Донбас

Стремусов неуспешно се обиде да биде избран во украинскиот парламент во 2019 година и на функцијата градоначалник на Херсон во 2020 година.

Откако Русија го започна својот напад врз Украина, имаше неколку обиди за атентат врз функционери назначени од Русија во Херсон и други територии окупирани од руските трупи.

Извештаите за смртта на Стремусов доаѓаат додека украинските вооружени сили ја продолжуваат својата контраофанзива против руските војници.

Херсон го сметаат многу воени аналитичари како најважен од четирите делумно окупирани украински региони кои Русија ги прогласи како анектирани во септември.