Десетици повредени во торнадо во Тексас

илустрација

Едно лице загина, а десетици се повредени во торнадо во делови на Тексас и Оклахома во САД, јави Асошиетед прес. Според извештаите десетици куќи биле уништени во временската бура во округот Меккертен во југоисточниот дел на Оклахома.

Коди МекДаниел, од службата за итни случаи на округот, рече дека црква, медицински центар и училиште се уништени во малиот град Идабел.

Стивен Картер, од Центарот за управување со вонредни ситуации во округот, изјави дека голем број луѓе се уште се заробени во урнатините и дека тимовите за пребарување и спасување се на пат кон Идабел.

Најмалку три други окрузи беа исто така погодени од невремето со поројни поплави во некои области. Националната метеоролошка служба соопшти дека торнада се појавиле и во Тексас и Арканзас, како и дека бурата се движи кон Луизијана.

Во Тексас, властите во округот Ламар соопштија дека најмалку 50 домови се оштетени или уништени, а 10 лица се хоспитализирани, меѓу кои и две со тешки повреди.

Во тоа подрачје е прогласена состојба на елементарна непогода, во која најмалку дваесет лица се повредени. Во Повдерли, западно од Идабел и околу 200 километри од Далас, торнадото помина низ Хоупвел, Кавинс и Бивер.

Локалните медиуми објавија дека црквите ги отвориле вратите за да ги примат граѓаните чии домови биле уништени во невремето.