Медведев: Русија води „света“ војна против сатаната

Дмитри Медведев

Поранешниот руски претседател Дмитри Медведев денеска изјави дека руската инвазија врз Украина е света војна против сатаната, предупредувајќи дека Москва може да ги испрати сите свои непријатели во вечниот оган на пеколот. Медведев, кој некогаш се сметаше за либерален за време на неговиот мандат како претседател од 2008 до 2012 година, рече дека руските трупи се борат против „лудите нацистички зависници од дрога“ во Украина, поддржани од луѓето на Запад. Украина и Западот постојано ги отфрлаа тврдењата на претседателот Владимир Путин дека Украина ја водат фашисти кои го прогонуваат рускиот јазик.

Путин: светот се соочува со опасна деценија, ги отфрли обидите на Западот да „доминира“

Војната на Русија во Украина започна на 24 февруари со неиспровоцираната инвазија врз нејзиниот сосед, предизвикувајќи го најголемиот воен конфликт во Европа по крајот на Втората светска војна. Голем број високи руски личности - од патријархот Кирил до чеченскиот водач Рамзан Кадиров - излегоа со изјави дека Русија се бори во Украина против „сатанистите“ или самиот „Антихрист“.

Нов светски поредок и најголемите закани за Западот и демократијата

Во пораката по повод Денот на националното единство на Русија, Медведев вели дека задачата на татковината е „да го запре врховниот владетел на пеколот, без оглед на името што го користи - Сатана, Луцифер или Иблис“. Медведев, сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, вели дека „оружјето на сатаната се „сложени лаги“. „Нашето оружје е вистината. Затоа нашата кауза е исправна. Затоа победата ќе биде наша!“, порача тој.