Земјотрес од 4,9 степени го погоди Измир

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Буча во турската провинција Измир. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека 31 лице се пријавило во болница поради паниката предизвикана од земјотресот што ја погоди областа во 3:20 часот по локално време, јавува агенцијата Анадолу. Според него, на три повредени лица им била укажана помош, а едно лице било во тешка состојба.

Силен земјотрес го погоди Мексико на годишнината од два смртоносни потреси

Сојлу потврди дека нема жртви. Орхан Татар, генералниот директор на Агенцијата за ублажување на последиците изјави дека може да има последователни земјотреси до четири степени и дека граѓаните треба да бидат внимателни. Како последица на земјотресот се урна минарето на џамијата Селахатин Оглу.