Шолц во Пекинг: Кина и Германија треба да работат заедно во „турбулентни времиња“

германскиот канцелар Олаф Шолц

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја истакна потребата од поголема соработка меѓу Кина и Германија во услови на „време на промени и превирања“ на неговата прва средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, при што се очекува разговорите да ја допрат руската војна против Украина, климатските промени и развојот на економските врски. Денешната посета на Шолц е прва од страна на лидер на земја од Г7 на Кина во последниве три години и ќе ги тестира односите меѓу Пекинг и Западот по долгогодишни растечки тензии, велат аналитичарите. За време на нивната прва средба лице в лице откако Шолц ја презеде функцијата, Си рече дека како големи нации со влијание, Кина и Германија треба да соработуваат уште повеќе во „време на промени и превирања“ за доброто на светскиот мир.

Лидерите на ЕУ за односите со Кина, помошта за Киев и санкциите кон Иран

Шолц му рекол на Си дека е добро двајцата лидери лично да се состануваат во тензични времиња, при што руската инвазија на Украина создава проблеми за глобалниот поредок заснован на правила. Двајцата лидери разговараат за прашања поврзани со односите меѓу Европа и Кина, борбата против климатските промени и гладот во светот и како да се развијат економските врски меѓу двете земји.