Столтенберг: неприфатливо е Иран да ја снабдува Русија со беспилотни летала и ракети

генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Неприфатливо е Иран да и доставува беспилотни летала и можеби балистички ракети на Русија за нејзината војна против Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Истанбул. Киев и Западот го обвинуваат Техеран дека и доставува борбени беспилотни летала на Москва, кои ги користел во Украина. И Техеран и Москва го негираат ова. „Гледаме дека Иран нуди беспилотни летала и планира да и испорача балистички ракети на Русија“, рече Столтенберг, наведувајќи: „Тоа е неприфатливо. Ниту една земја не треба да ја поддржува Москва во оваа нелегитимна војна“.

Нови напади со беспилотни летала во источна и централна Украина

Според Киев, 400 ирански беспилотни летала досега се користени во напади врз украински цивилни објекти, а Москва наредила околу 2.000 од нив. Столтенберг додаде дека рускиот претседател Владимир Путин доживува пораз во Украина, но дека „одговара со поголема бруталност“. Тој ја обвини Русија дека „намерно и сурово“ ги лишува Украинците од „греење, вода и струја на прагот на зимата“.